-
01
Јун 2019
- Категорија: Машини
- Напишано од DASA
- Посети: 2624
Едноставно паметна серија од JUKI Насловни
Јуки со задоволство ја презентира новата линија на „Едноставно паметна серија“ машини. Комбинирајќи го премиум Јапонското инженерство и економичноста на моделите во оваа Едноставно паметна серија, Јуки го нуди својот широкопознат квалитет во една поедноставна форма. Со новите дизајнски решенија, иако овие модели поседуваат помалку функции во споредба со дигиталните модели, Јуки го гарантира квалитетот на шиењето. Целосната едноставна серија е компатибилна за поврзуванје со JaNets системот за дигитално водење на работењето.
Едноставно паметната серија на Juki машини се состои од четири нови модели: права машина, електронска пунтерица, електронска копчарка и електронска рупичарка. Подолу се наведени главните карактеристики на овие машини, додека на крајот од страната можете да ги симнете дигиталните каталози.
-
31
Мај 2019
- Категорија: Саеми
- Напишано од DASA
- Посети: 1964
Уште еден многу успешен настан за конфекциски машини, Texprocess саемот кој секоја втора година се одржува во Франкфурт - Германија. Даса учествуваше на штандот на JUKI, ASTAS и EPA, каде беа презентирани голем број на новитети. Во овој дел би сакале да ги доловиме новитетите од JUKI за они кои годинаваа немаа можност да го посетат саемот.
JUKI годинава настапуваше со досегашен најголем штанд, низ кој можеа да се видат многубројните нови модели на машини и исто така Janets менаџерската прогама со која сопствениците на текстилните фабрики имаат комплетната контрола на производството. Штандот беше поделен за шиење на различни артикли и тоа:
-
08
Дек 2018
- Категорија: Делови
- Напишано од DASA
- Посети: 928
За совршен штеп, првобитна работа е изборот на правилната игла. Иборот на игла освен коректната големина се однесува и до коректниот избор на врвот на иглата.
Голем дел од различните системи на Groz-Beckert игли се произведуваат и со различни врвови, во зависност од артиклите кои ќе се шијат.
Во табелата подолу се прикажани сите врвови на Groz-Beckert игли за модна конфекција, нивната ознака, слика, облека во која се користат и останати ознаки за истиот врв при други производители.