Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

spr-mn-2075 Silter pegla so kazan

Индустриска серија на SILTER пегли со казанчиње за вода од 7.5 Лт., кој е лесно пренослив и лесен за употреба, а многу ефикасен и квалитетен.

Пареата е спремна за неколку минути од првичното пуштање во употреба.

Сите казанчиња се со вграден манометар за лесно следење на производството на пареа во самиот казан.

Во неја се вградени пет различни безбедносни системи, термостат во казанот и на пеглата, пресостат во казанот за регулирање притисок во неја, осигурач во казанот и сигурносен вентил повторно во казанот како последна алка за комплетна заштита.

Надворешниот дел им е електростатски фарбан, со што е изузетно квалитетно и отпорен на 'рѓосување.

Во зависност од потребите постојат различни литражи на резервуарот т.е. на количината на пареа која може да се употреби за подолговремено пеглање без притоа да има потреба од прекинување на пеглањето и додавање вода во казанот.

Индустриските казанчиња се опремени исто така со индустриска SILTER STB-200 пегла.

При пеглање нема никаква потреба од притискање на пеглата, само со поминување со пареа во една насока и во повратно со топлина на пеглата, веднаш се губат сите прекршотини на материјалите. Со квалитетната и непрекината пареа дури може да сепеглаат артикли на закачалка.

Во споредба со класичните пегли, процесот на пеглање со овие пегли се скратува за до три пати.

Се употребува кај: моделари, шнајдери, хемиско чистење, производители на венчаници, хотели, ресторани, школи, болници и др.

Дополнителни опции:

- Вентил за дренажа на вода во казанот

- Звучен сигнал за предупредување за немање вода во казанот

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Неможе да се пријавите самите

  • Капацитет за вода: 7.5 Литри
  • Моќ на греач на казан: 2500 W @220V
  • Моќ на греач на пегла: 800 W @220V
  • Потрошувачка на електрика: ~ 1,8 kWh
  • Приклучок на електрика: 220/230 V 50/60 Hz
  • Капацитет на пеглање: ~ 6.5 саати
  • Работен притисок: 3,5 бари
  • Густина на пареа: 10-100 г/мин (се штелува према потреба)
  • Состав на резервуар: Специјален нерѓосувачки челик
  • Потребно време за пареа: ~ 13 минути

Медија

Логирајте се за да поставите коментар

ДАСА © 2021