Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

Уште еден многу успешен настан за конфекциски машини, Texprocess саемот кој секоја втора година се одржува во Франкфурт - Германија. Даса учествуваше на штандот на JUKI, ASTAS и EPA, каде беа презентирани голем број на новитети.  Во овој дел би сакале да ги доловиме новитетите од JUKI за они кои годинаваа немаа можност да го посетат саемот.

JUKI годинава настапуваше со досегашен најголем штанд, низ кој можеа да се видат многубројните нови модели на машини и исто така Janets менаџерската прогама со која сопствениците на текстилните фабрики имаат комплетната контрола на производството. Штандот беше поделен за шиење на различни артикли и тоа:

 

  •  машини за шиење работни одела
  •  машини за шиење кошули
  •  машини за шиење фармерки
  •  машини за шиење трикотажа
  •  машини за шиење кожа и
  •  машини за лепен програм

 

Годинава доминираа новите 'Smart Solution' серија машини, од кои беа претставени новата двоигловка со интелигентен панел, новата зиг-заг машина со интелигентен панел, новата циклусна машина (AMS) со интелигентен панел, новата лактарица за тешка конфекција, новите машини за кожа и новата (PS) машина со големо работно поле во две варијанти, мала верзија со работно поле 80 х 40см и стандардна верзија со работно поле 120 х 80 см.

Нова комплетно дигитална двоигловка LH-3500C -  Smart Solution серија

 Нов комплетно дигитален зиг-заг LZ-2290C -  Smart Solution серија

Новa комплетно дигитален циклусна машина MS-221F -  Smart Solution серија

 Новa дигитална актарица со 3 игли MS-1261А/DWS -  Smart Solution серија

ДАСА © 2019